Објави во српски медиуми за двојната номинација на „Медена земја“

Од:

Српски медиуми објавија за големиот успех на македонскиот докуметарен филм „Медена земја“ откако вчера доби две номиинации за престижната награда Оскар во категориите најдобар странски филм и најдобар документарец.

Медиумите пишуваат за содржината на филмот, за екипата и за досега добиените награди, меѓу кои и триумфот на фестивалот  „Санденес“ во јануари минатата година.

Би-би-си на српски јазик во текст нсловен „Оскар и земјата на медот: како филм од Северна Македонија влезе во историјата на светскиот филм“, пренесува изјава на продуцентот и монтажер на филмот Атанас Георгиев дека земјава има мала филмска продукција, но многу талентирани уметници и добри приказни може да се најдат на секој чекор.

-Иако финансирањето е ограничено, капацитетот на авторите не е, истакнува Георгиев, кој  верува дека публиката – не само македонската, туку и публиката во светот – мора да научи дека документарниот филм денес се разликува од она што сме навикнати да го гледаме.

-Документарните филмови не се филмови со протагонисти кои седат и зборуваат, туку умешно презентирани слики од реалниот живот, додава продуцентот на „Меедна земја“ во изјавата што ја објавува  Би-би-си на српски јазик.

-Кога филмот освои три награди на фестивалот „Санденс“, кој е основан од актерот и режисер Роберт Редфорд, пишуваа „Гардијан“, „Њујорк тајмс“, „Ролинг стоун“ и „Венити фер“, наведува „Данас“.

За импресиите и одушевеноста по успехот на филмот, написи објавија и други медиуми во Србија, меѓу кои и Б 92 и Радио 021, а пораки и коментари имаше и на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Прво прикажување на „Медена земја“ во Љубљана

Ана Ололовска

ВИДЕО: Љума и Даут од „Медена земја“ добитници на ASC награда за најдобра кинематографија

Ана Ололовска

„Врба“ на фестивалска турнеја во Европа и САД

Ана Ололовска

Филмот „Манаки – приказна во слики“ во кино „Одеон“ во Софија

Ана Ололовска

Градоначалникот Велковски: Ѝ порано ја прашувавме Атиџе дали ѝ треба нешто, а таа велеше: „Не, не, само Господ да ме чува“

Кристијан Ландов

Спасовски: Владата ќе го плати патот за Атиџе и екипата на Оскарите

Предраг Петровиќ