Објавени добитниците на наградата „Ана Франк“

Од:

Годинашни добитници на Меѓународната награда „Ана Франк“ се авторите Мирјана Стакиќ и Зоран Пеневски, двајцата од Србија и Алтенка Сапунџиева од Бугарија.

Наградата востановена од Издавачката куќа Феникс и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија презент од Скопје, како што соопштуваат, се доделува за нивниот севкупен книжевен придонес, особено на планот на културната соработка и размена на литературите на Балканот.

Проф.др Мирјана Стакиќ е родена во 1973 година во Владичин Хан (Србија). Живее на Златибор и работи како вонреден професор на Педагошкиот факултет во Ужице (Универзитет во Крагуевац). Нејзината поезија е преведена на повеќе јазици, а романот Приказната на Ана е објавен во Америка и Турција. Автор е на голем број учебници, монографии, научни и стручни трудови. Член е на Здружението на писателите на Србија.

Алтенка Сапунџиева (уметнички псевдоним Латинка Златна) е родена во 1957 година во Ловеч (Бугарија). Има објавено десет стихозбирки и една прозна книга. Преведува од македонски, српски, босански и хрватки јазик и досега има преведено над 50 автори. Нејзините стихови се преведени на голем број јазици и добитник е на повеќе награди и признанија. Член е на Сојузот на бугарските писатели.

Зоран Пеневски е роден во 1967 година во Панчево (Србија). Тој е автор на повеќе романи, вклучувајќи и графички романи, сценарист и преведувач. Пишува за деца и млади. Живее и работи во Белград. Автор е на романите: Помалку битни злосторства, Траги на отсуството, Полноќ на твоите раце и Лектор, како и на повеќе графички романи. Има преведено над 50 книги од англиски, германски и македонски јазик. Неговите дела, исто така, се објавени во странство – на англиски, француски, холандски и на македонски јазик.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска