Објавена програмата на 14. ОФФ-Фест

Од:

Програмата на годинашното 14. издание на Офф-Фест е распоредена во пет богати фестивалски вечери на кои ќе настапат седум музички групи и изведувачи од три светски континенти. Офф-Фест, кој во организација на Скопскиот џез фестивал ќе се одржи од 28 мај до 1 јуни ќе ги пренесе звуците и на Мали, Мароко, Јужна Кореја, Португалија и Македонија.

offfest151
Офф-фест на 28 мај (четврток) ќе започне со концертот на иновативниот пост-рок/ворлд-мјузик состав и во моментов најголемата музичка атракција од Кореја, бендот Jambinai. На 30 мај (сабота) публиката ќе патува низ магијата на фадо музиката на португалката Лула Пена и ќе ужива во концертот на популарната мароканска пејачка и кантавторка Хинди Захра, која во Скопје ќе го изведе својот најнов албум „Homeland”. Македонската етно ризница ќе биде претставена на концертот на групата Chalgia Sound System, кој ќе се одржи за 31 мај (недела).

Сите концерти на Офф-фест оваа година ќе се одржуваат во Младинскиот културен центар (Кино Фросина и Дансинг сала)

offfest152

Во рамките на фестивалот ќе бидат прикажани и два музички документарни филмови – „Ќе пејам за тебе” („Je chanterai pour toi”), приказна за легендата Бубакар Траоре и филмот „Последната песна пред војната“(„The Last Song Before the War”), документарец посветен на „Фестивалот во пустината“ во Мали.

Влезниците за Oфф-фест ќе бидат пуштени во продажба на 28. април (четврток) на продажните места на Југотон Рекордс, МКЦ и онлајн на www.mktickets.mk.

Би можело да ве интересира

Четврта завршна вечер на OFFest 2023

Ана Ололовска

Почнува 22. издание на ОФФ-Фест

Ана Ололовска

Во продажба билетите за 22 ОФФ-Фест

Ана Ололовска

„Скопски џез фестивал“: Го откажуваме 22. издание на „OFFest“

Ана Ололовска

Последна вечер на 21. OFFest

Ана Ололовска

Македонска вечер за почеток на Offest

Ана Ололовска