Објавена книгата за деца „Голманката и морето“ од Марија Пар

Од:

Издавачката куќа „Антолог“ најавува првоаприлски предизвик на социјалните мрежи за сите деца на возраст до 12 години. Предизвикот ќе трае до 5 април, а идејата е родителите да објавуваат фотографии од своите маскирани дечиња користејќи го хаштагот #маскавоизолација.

Другите правила за учество ќе бидат објавени на профилите на „Антолог“, а најдобрата маска ќе биде избрана на шести април и наградена со најновото издание за деца, книгата „Голманката и морето“ од норвешката авторка Марија Пар.

Македонското издание на книгата е преведено од Искра Бадева, графички уредено од Марко Трпески, а финансиски поддржано од програмата Креативна Европа на Европската Унија.

„Голманката и морето“ е долгоочекуваното продолжение на „Вафли во форма на срце“ од авторката што ја нарекуваат „новата Астрид Линдгрен“.

Марија Пар е авторка на книги за деца од Норвешка. Нејзиниот прв роман, „Вафли во форма на срце“ е преведен на повеќе од дваесет и пет јазици и ги освои книжевните награди: „Сорсиер“ (Франција) во 2010 година, „Зилферен хрифел“ (Нидерланд) во 2008 година и влезе во потесен избор за добивање на престижната награда „Браге“ (Норвешка).

Според книгата е снимена популарна телевизиска серија за деца на најгледаниот ТВ-канал во Норвешка, а се направени и неколку театарски претстави. Нејзиниот втор роман, „Toње Глимердал“ ја доби норвешката книжевна награда „Браге“, како и „Критикс прајз“ во 2009 година. Марија Пар е магистер по нордиски јазици и книжевност и работи како наставник во основно училиште. Живее во Норвешка со своето семејство.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска