Објавена книгата „Поеми“ на поетот Глигор Стојковски

Од:

Со поддршка од конкурсот за проекти од културата и уметноста на Град Скопје, објавена е поетската книга „Поеми“ од Глигор Стојковски која ги содржи поемите: „Божјата честичка“, „Источен оган“, „Ерусалим-богови и војни“ и „Завет. Јад“.

Кон првата и третата поема, книгата ги вклучува и аналитичките осврти насловени „Блесокот на постоењето“ на Томислав Османли и „Горчлива епска беседа“ на Бранко Цветкоски.

-Долгите и продлабочени пеења на Стојковски се комплетираат во книга која е во суштина пресек на зрелиот период од поетското творештво на истакнатиот македонски поет и тоа во доменот на најсложениот поетски жанр – поемата… Поемите на Стојковски содржат хуманистички, антрополошки, филозофски, но и природни научни поводи и загатнувања… Поезијата на Стојковски е изведена со чистата лексика на македонскиот јазик, што како израз, но и како својство и вредност, што во своето творештво грижно ги негува и овој наш автор, се наведува, меѓу другото, во рецензијата за изданието.

Покрај објавените поетски книги, Глигор Стојковски (1952) е и уредник, издавач, критичар и преведувач. Неговиот преведувачки опус вклучува голем број книжевни творби, поетски и прозни, од најистакнати автори од нашата земја, од регионот и од светската литература.

За своето книжевно творештво Стојковски е добитник на наградите „Кочо Рацин“, „Браќа Миладиновци“, „Григор Прличев“, „Нова Македонија“, „Нарциса“ и на други признанија.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска