Објавена книгата „Македонски народни песни собрани од Лазар Дума“

Од:

Издавачот „Камелеон“ од Скопје ја објави книгата „Македонски народни песни собрани од Лазар Дума“ (1913 година) од д-р Татјана Жежељ – Каличанин.

Книгата го содржи ракописот со македонски народни умотворби што Лазар Дума пред 100 години (1913) ги предал во Архивот на Српската академија на науките и уметностите.

– Песните што ги содржи зборникот се одликуваат со целосна оформеност, ексклузивност, богатство на мотиви и теми со специфики на дијалектот со кој се служеле информаторите, како и со особена прецизност на запишувањето од страна на Дума, некогашен началник на просветното одделение во Министерството за надворешни работи во Букурешт како и на неговите анонимни помошници, пишува во предговорот д-р Татјана Жежељ – Каличанин.

Како што стои во овие податоци, песните биле запишувани од повеќе лица, од повеќе информатори и со повеќе ракописи, кои Лазар Дума ги препишал и ги обединил во три обемни тетратки кои ги предал во Министерството на кралска Југославија во Букурешт. Оттука тие биле препратени во Министерството на кралска Југославија во Будимпешта, за најпосле во 1913 година да стигнат до Белград каде што биле грижливо обработени и зачувани во Етнолошкото одделение при Архивот на САНУ. Овде овие материјали биле заведени како „Песни од јужна Србија“ или „Песни од Битолскиот вилает“.

Ракописот содржи богат фолклорен материјал, 36 епски песни, 14 верски песни и поголем број лирски песни, во зборникот именувани како женски песни. Исто така, богатство на зборникот се и поголемиот број приказни.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска