Објавена книгата „Македонија меѓу уништувањето и самоуништувањето од проф. д-р Стефан Влахов-Мицов

Од:

Книгата „Македонија меѓу уништувањето и самоуништувањето од проф. д-р Стефан Влахов-Мицов ја објави книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје.

На страниците од своето најново научно дело авторот дава опширна анализа на промените на милениумската македонска Голгота, која се одвива во циклуси на експлозија и имплозија. Во внатрешно-политичката основа тоа се нерамноправните односи меѓу државата и граѓаните и отсуството на директна демократија без учество на посредници. Целта на оваа книга, како што се наведува, е да ги разоткрие вирусите, кои го уништуваат целиот македонски организам, информираат од книгоиздателството.

Стефан Влахов –Мицов е автор е триесетина филозофски, историографски, публицистички и книжевни дела, кои се високо вреднувани во државава и во соседните балкански држави. Неговата книга „Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет“ доживеа три изданија и предизвика голем интерес кај читателите и кај научните кругови во државава и во Бугарија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска