Објавена книгата „Филм.МКД“ од Игор Анѓелков

Од:

Денеска од печат излезе книгата “Филм.МКД” на Игор Анѓелков, како jубилејна, десетта книга во есеистичката едиција на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ. Се работи за преглед на македонскиот филм во новиот милениум низ интервјуа со режисерите на филмовите кои авторот на книгата ги направи од 2003 до 2014 година, период кога во етерот се емитуваше неговата авторска емисија, филмскиот магазин “Филмополис”. Книгата е надополнета и со осврти и рецензии кон македонските филмови, објавувани во дневни весници и неделници со кои Анѓелков соработувал во споменатиот период.

dobivaj vesti na viber

Книгата “ФИЛМ.МКД” на Игор Анѓелков е едно од оние изданија кое недостасува во домашната издавачка дејност, особено доколку зборуваме за литературата поврзана со филмската уметност. Неговиот медиумски ангажман во изминатите 17 години е од непроценливо значење, и токму неговата работа во телевизијата, радиото, печатот, му овозможи на врвен професионален начин да ги проследи сите случувања во домашната кинематографија, низ безброј интервјуа и рецензии кои благовремено беа изведени пред судот на јавноста. Токму таа негова работа на полето на Седмата уметност тој успеал да ја сублимира и во неговата книга “Филм.МКД”, која ќе остане како тестамент за следните генерации при нивното интересирање и истражување во однос на случувањата во македонската кинематографија на почетокот од 21 век.

filmmkdKniga

“Филм.МКД” хронолошки ги проследува снимањата и премиерите на речиси сите македонските целовечерни македонски остварувања во овој милениум, низ луцидни интервјуа со авторите на истите, но и со пошироката филмска екипа која учествува во реализација на филмските проекти. За целосно заокружување на впечатокот, авторот на крајот од секое поглавје посветено на одреден македонски филм ја приложува и својата рецензија за филмското дело, така збогатувајќи го впечатокот и создавајќи слика за приликите во кои се снимал и создал филмот, кој потоа станал дел од македонската филмска историја.

Да потсетиме дека во изминатите 15 години во Македонија, со поддршка на Филмскиот фонд, сегашната Агенција за филм, се снимија остварувања како никогаш досега, сите од различна жанровска провиниенција, создавајќи сосема нова димензија во домашната кинематографија. Како сведок на истите настани, проследувајќи го низ својата емисија Филмополис и низ рецензиите објавени во домашните дневни и неделни весници, Анѓелков е еден вид хроничар на филмските настани, и токму преку неговата книга “Филм.МКД” тој успева на читателите да им ја пренесе оваа филмска атмосфера и во вид на печатено дело, кое понатаму ќе остане како момент за истражување и потсетување на идните генерации вљубеници во седмата уметност.“, пишува во предговорот за оваа книга.

Би можело да ве интересира

Промоција на дваесет и два романи од академик Божин Павловски

Ана Ололовска

Броња Жакељ ќе го промовира романот „Бело се пере на деведесет“ во Скопје

Ана Ололовска

Промоција на романот „Водена приказна“ од Александар Кукулев во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“

Ана Ололовска

Бранко Росиќ во Скопје го промовира романот „Доаѓањето на матадорот“

Ана Ололовска

Книгата „Човечулец“ од Александар Прокопиев на Единаесеттата Европска Ноќ на Литературата

Ана Ололовска

„Ако го сакаш Скопје – дојди, ќе те чекам на кејот“ од Данило Коцевски

Ана Ололовска