Објавена книгата „Двојно стакло“ од Халдора Тородсен

Од:

Смртта полека ѝ се приближува на една постара жена што живее сама во својот мал стан во Рејкјавик. Таа секојдневно го набљудува светот низ двојното стакло на прозорецот во својата кујна. Нејзиниот сопруг неодамна починал, бројот на пријателите се намалува, здравјето ѝ се влошува и енергијата и живоста постепено се цедат од нејзиното тело. Сè што ја очекува е изолација и смрт. Но одеднаш се случува чудо.

dobivaj vesti na viber

Нова љубов го раздвижува нејзиното осамено постоење, давајќи ѝ надеж, но и сомнежи и стравови. Свесна за генерациското табу, кое буди потсмев, се прашува: како ќе гледаат другите на оваа љубов? Приказна раскажана без сентименталност, со цврст и полн стил, чија оригиналност со право се стекнува со Наградата за литература на Европската Унија во 2017 година и со престижната Исландска награда за литература за жени во 2016 година.

Овој роман следниот месец ќе биде промовиран и во Скопје во рамките на Фестивалот на европската литература „BookStar“ со гостување на авторката Халдора Тородсен.

Халдора Тородсен (1950) е исландска писателка. Дипломирала педагогија и уметност во Исланд. Работела како учителка, графички уредник во дневен весник, раководител на ликовната наставна програма за основните училишта и како програмски директор во радио. Пишува во повеќе жанрови, и тоа поезија, кратки раскази, микрофикција и романи.

Македонското издание на книгата е преведено од Мери Кицовска, графички уредено од Марко Трпески, а финансиски поддржано од програмата Креативна Европа на Европската Унија, Министерството за култура на Република Македонија и Исландската книжевна фондација.

Би можело да ве интересира

Објавено второ издание на „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски – првата книга за есеистиката на Горан Стефановски

Ана Ололовска

Стефан Тиќми: „Капут од мов“ е потсетување дека уметноста ќе го спаси светот

Ана Ололовска

Романот „Капут од мов“ од Стефан Тиќми ќе биде промовиран во „Литература.мк“

Ана Ололовска

Нова книга на Даниела Андоновска-Трајковска

Ана Ололовска

Александар Русјаков: Со „Хотел меѓу две војни“ си го остварив сонот да напишам роман за Битола

Ана Ололовска

Фестивалот „Литера“ патува во Гевгелија

Ана Ололовска