Објавена „(И)стории од долапот – избор од македонската народна еротика“

Од:

Во издание на книгоиздателството Ми-Ан излезе од печат изборот од македонската народна еротика „(И)стории од долапот“. Изборот и предговорот се на Ана Мартиноска.

Во книгата се презентирани македонски еротски приказни, песни, гатанки и пословици. Мартиноска вели дека книгата е значаен придонес во македонската фолклористика и претставува осветлување на овој не многу истражуван феномен од народната традиција.

– При составувањето на оваа антологија, како и на претходната, при изборот на материјалите се водев од неколку принципи, и тоа од историскиот, што го прикажува постоењето на еротскиот фолклор од дамнешни времиња кога не секогаш бил дел од официјалната народна култура, па сѐ до некои посовремени форми, а уште повеќе од жанровиот принцип што го докажува присуство на еротски форми во сите жанрови на македонското народно творештво, почнувајќи од приказните и анегдотите, преку поезијата, па сѐ до не-кои од кусите фолклорни жанрови. Во секоја жанровска категорија умотворбите се подредени по азбучен ред. Тие се преземени од по-веќе извори и собирачи, од различни временски позиции и од по-веќе краеви во Македонија, од Прилеп, Охрид и Кочани, па сѐ до Струмица и Злетово, вели Мартиноска за книгата „(И)стории од долапот – избор од македонската народна еротика“.

Ана Мартиноска (Скопје, 1972) е професорка и научничка во областа на фолклорот, литературата и културата, колумнистка на родови и културолошки теми, феминистка. Дипломирала, магистрирала и докторирала на Филолошкиот факултет на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Од 1996 год. д-р Мартиноска е вработена во Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска