Објавена дебитантската поетска книга на Стефан Костоски „Гирланда“

Од:

Првата поетска збирка од Стефан Костоски, „Гирланда“.деновиве излезе од печат во издание на „Современост“ Книгата содржи триесетина песни пишувани во раздобје од повеќе години.

-Стиховите на Костоски се пијат и допиваат како нивниот последен зрак, како префинето, старо вино кое некогаш ги заплискувало ѕидовите од силно сјаечко шише фрлено на брегот од едно улисовски разбранувано море во кое поетот си ги пушта корабите за да бидат очи на неговото небо додека, легнат на грб, ги посматра цветовите кои во исто време патуваат низ него, вели за стиховите на Костоски современиот македонски пистаел Стефан Марковски

Со задоволство и желба за продолжување на творечката одисеја, додава Марковски, можеме да констатираме дека Костоски како еден од неколкумината млади неоромантични, неосимболични, а истовремено модерни македонски поети во своето деби успеал да ги амалгамира ваквите прекршувања, но и премини во елегантен и стилизиран, метафизички поетски дискурс втемелен на идејата за совршеноста и светоста на причинско-последичната врска за постоењето и функцијата на секој (светло)збор..

Стефан Костоски е роден на 12 јуни 1991 во Охрид. Завршил основно и средно стручно економско училиште во Охрид, а дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на Катедрата за општа и компаративна книжевност.

Досега поезија и литературни есеи објавувал во периодични списанија.

Тој е еден од десетте финалисти на меѓународниот поетски фестивал „Слово 21“ во Гостивар.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска