Објавена биографската книга „Леонардо да Винчи и неговото време“ од норвешкиот писател Атле Нес

Од:

„Македоника литера“ ја објави биографската книга „Леонардо да Винчи и неговото време“ од норвешкиот писател Атле Нес, во која раскажува инспиративно, возбудливо и документирано за безграничната фантазија и генијалниот талент на Леонардо, за неговите ремек-дела, за скиците и цртежите, за кодираните белешки, за познати и малку познати нешта поврзани со неговото творештво и со неговата личност.

– Нес на импресивен начин го опишува необичниот животен пат на Леонардо, момче од најниските слоеви од местото Винчи кај Тоскана, до градењето на неговата кариера на популарен и култен уметник во Европа. Но истовремено многу детално и прецизно го претставува историскиот контекст, односно настаните од неговото време во градовите и местата во коишто живеел, наведуваат од „Македоника литера“.

Посочуваат дека Атле Нес одблиску на читателите им го покажува човекот скриен зад митот за творецот и историскиот контекст во кој се создадени ремек-делата на Леонардо. Атле Нес се одликува со големи познавања на историјата на уметноста, историјата, јазиците и математиката.

Во предговорот Нес пишува: „Леонардо зад себе оставил безброј записи – неговите белешки и скици, кои не биле познати во негово време, па дури и потоа. Нивните траги може да се најдат во многу колекции во Европа и во САД, а самиот материјал е делумно предмет на истражување, толкување и дискусија. На тој начин најмногу се доближуваме до него, дури и повеќе одошто преку добро зачуваните слики, кои најверојатно и без исклучок биле правени по нарачка. Се обидов прилично внимателно да цитирам извадоци од овие белешки, како самиот Леонардо да Винчи да звучи од биографијата. На истиот начин се претставени многу од повеќе или помалку завршените скици и цртежи. Така неговиот талент, кој е веројатно невиден по својата универзалност – и неговата трансцедентна имагинација го наоѓаат својот најдобар израз.“

– Биографијата на Атле Нес „Леонардо да Винчи“ има монографска форма. Илустрирана е со голем број цртежи, слики и скици на пронајдоци на Леонардо да Винчи, а еден дел на крајот е печатен во боја, во кој се сместени репродукции на најпознатите дела на уметникот. Преводот е на Ленче Тосева и Елена Саздовска, доадоа од „Македоника литера“.

Атле Нес (1949) е норвешки писател, историчар, историчар на уметноста. Автор е на биографии за Леонардо да Винчи, Галилео Галилеј Галилеј, Едвард Мунк и Хенрик Ибзен, но и на романи, книги за деца и есеи за уметноста. Носител е на неколку награди, меѓу кои и на највисоката книжевна награда во Норвешка – „Браги“.

Би можело да ве интересира

Излезе од печат книгата поезија „Топли билки“ од Бојан Васиќ

Ана Ололовска

Објавена книгата „Средби и разговори“ од Томислав Османли

Ана Ололовска

Промовирана книгата „Тетовскиот говор“ од Дарко Гавровски

Ана Ололовска

Душко Трифуновски ќе ги промовира драмите „Слана / Јазол“ кои се слика за тешката општествена стварност

Ана Ололовска

„Доживувањата на двајца селски учители“, нов роман од Паскал Гилевски

Ана Ололовска

Промовирана книгата „Зборови со персиско потекло во македонскиот јазик“ од Зеќир Рамчиловиќ

Ана Ололовска