Објавена „Амбиент“ – книга четврта на Зоран Иванов

Од:

Од печат излезе „Амбиент“ – книга четврта (2018-2019) (анализи, колумни, коментари, интервјуа…) на Зоран Иванов, еден од бардовите на македонското новинарство. Редактор и издавач и на оваа книга, хронолошко продолжение на претходните „Амбиент“ 1, 2, 3 и 3/1 е Свето Стаменов, политиколог, новинар на Македонското радио – Радио Скопје и познат македонски публицист.

„Амбиент – 4“ содржи 67 новинарски текстови (анализи, колумни, коментари) објавени на веб – порталите „Инбокс 7“ и „Цивил“ кои се однесуваат на актуелните случувања во земјава во годините 2018-та и 2019-та, новинарски содржини на теми од актуелните македонски внатрешни и меѓународни турбуленции, за политиката и политичарите, за клиентелизмот и корупцијата, за вистините и лагите…

И во „Амбиент – 4“, како што соопшти редакторот и издавачот на оваа книга, Зоран Иванов останува актуелен, уникатно директен.

-Напати ироничен, но содржаен, покажувајќи ги ретката аналитичка дарба и неверојатиот сенс преку актуелните случувања да ги предочува и наредните неминовни процеси и настани. Неговиот стил е посебно посебен. Неговиот новинарски израз е реторика во пишана форма. Таков е и сега во „Амбиент – 4“. Како и во неговите претходни книги со ист наслов, така и во овој четврти „Амбиент“, силно блика неговиот новинарски карактер, неговиот нескротлив новинарски темперамент рамен на новинарска страст, пишува редакторот и издавач Свето Стаменов.

Деновиве од печат треба да излезе и „Амбиент“ – книга петта (2019-2020), која заедно со „Амбиент – 4“, како што се наведува, ќе биде уште една рефлексија на, сега веќе, петдецениското новинарско творештво на Зоран Иванов, бард на македонското новинарство, аналитичар, хроничар на денот и времето…

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска