Објавен постхумно романот „Алтан“ од Павлинка Ѓорѓијоска

Од:

Постхумно излезе од печат романот „Алтан” од Павлинка Ѓорѓијоска, приказна за богато турско семејство кое доаѓа до банкрот поради лошите вложувања на берзата.

Познатиот сатиричар Миле Ѓорѓијоски, сопруг на авторката, вели дека ова е второ постхумно издание на нејзиното творештво.

– Поради прераната смрт, Павлинка не дочека да биде издаден романот „Алтан“, кој исто како и нејзиниот претходен роман, „Петра”, излегува постхумно. Денес сум среќен да ја споделам информацијата дека по долго време и вредна работа околу подготвувањето на ракописот за печатење, конечно дојде време „Алтан” да ја види светлината на денот, соопшти Ѓорѓијоски.

Главен јунак во романот е Керем, чија прабаба е Македонка која заминува за Македонија да го бара скриеното богатство од неговиот прадедо. Но тука се запознава со Анѓа и работите одат во друг правец.

Кориците и илустрациите на романот се на познатиот карикатурист Миро Георгиевски. Се очекува романот зедно со претходните два романа на Ѓорѓијоска, „Во тунелот” и „Петра”, да биде претставен пред љубителите на пишаниот збор на 10 март 2020, денот на нејзиниот роденден.

Авторката Павлинка Ѓорѓијоска почина во 2015 на 54 години, оставајќи го „Алтан“ во ракопис.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска