Објавен конкурсот за наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“

Од:

Културниот центар „Бран“ и ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга по деветти пат распишуваат конкурс за наградите „Крсте Чачански“, за необјавена збирка кратки раскази и „Јован Котески“ за необјавена поетска збирка.

За учество на конкурсот потребно е расказите, односно песните да не се објавувани, секој расказ да не е подолг од 100 реда, да има наративна форма, поетската збирка треба да содржи најмногу 50 песни, а секоја песна да не биде подолга од 30 стихови.

Ракописите, како што соопшти културниот центар „Бран“ треба да се испраќаат по електронски пат, со назнака за наградата „Крсте Чачански“ или „Јован Котески“ најдоцна до 20 април 2019 година.

Изборот ќе го прават комисии од македонски писатели, наградените книги ќе бидат објавени и промовирани на денот на доделувањето на наградите, на фестивалот „Струшки книжевни средби 2019“ што ќе се одржи во почетокот на јули идната година.

Досегашни добитници на наградите „Крсте Чачански“ и „Јован „Јован Котески“ се: Христо Петрески, Трајче Кацаров, Милован Стефаноски, Санде Стојчески, Петре Димоски, Витомир Долински, Марина Мијаковска, Добре Тодоровски, Славчо Ковилоски, Васил Тоциновски, Зоран Пејковски, Стефан Марковски, Зоран Јакимоски, Владимир Плавевски и Елена Пренџова.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска