Објавен конкурс за изработка на мурал на фасадата на КСП Центар – Јадро

Од:

Културно-социјалниот простор Центар – Јадро објави конкурс за изработка на мурал на фасадата на Центарот, кој треба да биде реализиран во периодот од септември до октомври 2021 година.

-Со овој отворен конкурс, Јадро ја продолжува иницијативата за изработка на темпорални мурали кои ќе бидат изработувани на фасадата на центарот преку кои ќе се промовира уметноста во јавен простор, а менувањетото на изгледот на фасадата ќе го истакне и промовира отворениот модел на институцијата како простор во којшто постои плуралност на идеи и изрази, соопшти КСП Центар – Јадро.

Тематски конкурсот е отворен, а идејните решенија за муралот треба да ги отсликуваат основните начела/цели врз којшто се темели КСП Центар – Јадро.

На конкурсот право на учество имаат сите уметници кои се државјани или резиденти во земјава. Уметниците можат да се пријават индивидуално или како групи/колективи. КСП Центар – Јадро обезбедува средства за материјали за изработка на муралот, како и авторски хонорар во износ од 25.000 ден. Планиран период за изработка на муралот е во периодот меѓу 15 септември до 15 октомври.

За изборот ќе одлучува жири-комисија составена од истакнати професионалци од областа на културата.

Авторите треба да приложат скици за муралот, краток опис за концептот како и кратка биографија во PDF документ со максимална големина 10 MB на мејл адресата [email protected], најдоцна до 15 септември 2021 со назнака Конкурс за изработка на мурал и податоци за авторот/ите (име, презиме, телефонски број). Повеќе информации за конкурсот заинтерисираните автори можат да добијат на е-маил адресата [email protected]

Би можело да ве интересира

Хуманитарен концерт за Турција и Сирија во КСП Центар Јадро

Ана Ололовска

Центар Јадро ја продолжува серијата на презентации на македонски уметници

Ана Ололовска

Богдановиќ: Општина Центар останува доследна на своите заложби за развој на културата

Ана Ололовска

Отворање на Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“

Ана Ололовска

ЈАДРО: Која е улогата на Град Скопје во процесот на реставрација на чаршијата?

А1он

Отворена изложбата на Архитектонскиот факултет и Општина Центар – „Училиште во парк“ во КСП „ЈАДРО“

Ана Ололовска