Објавен јавен повик за учество на 15-та „Бела ноќ“

Од:

Објавен е јавен повик за 15. културна манифестација „Бела ноќ“, што ја организираат Град Скопје и Универзална сала. Заинтересираните уметници можат да се пријавуваат до шести септември годинава.

Заинтересираните уметници апликацијата ќе можат да ја симнат од веб-страницата на http://belanok.mk/ , а пополнета ќе можат да ја достават на адресата на Универзална сала, булевар „Партизански одреди“ бр. 45, 1.000 Скопје, со назнака „За Бела ноќ“ или по електронски пат, на [email protected].

– Визуелните, применетите уметности, музиката, филмот, јавната уметност, како и урбаните изведби и перформанси се областите што ќе бидат опфатени и кои скопјани ќе можат да ги видат на „Белата ноќ“ во сабота, на петти октомври, се вели во соопштението од Универзална сала-Скопје.

По завршувањето на повикот, учесниците ќе бидат оценети врз основа на квалитетот на делото, иновацијата, карактерот во опсег на предложениот концепт. Конечната селекција ќе биде извршена од страна на организаторот.

Би можело да ве интересира

Бесплатен јавен превоз за сите граѓани за време на „Бела ноќ 2023“

Орце Костов

Одложените содржини од „Бела ноќ“ вечерва на плоштадот Филип Втори

Преку 30 настани на 14 локации за осумнаесеттата „Бела ноќ“

Отворен повик за уметници за манифестацијата „Бела ноќ 2022“

Традиционалната „Бела ноќ“ утре на 13 локации низ Скопје

Ана Ололовска

„Бела ноќ“ 2020 – изложби, концерти, перформанси и многу други културни настани во Скопје

Ана Ололовска