Новогодишно-божиќен концерт во Велес

Од:

Општина Велес синоќа го организираше традиционалниот новогодишно-божиќен концерт на кој настапија Балетското студио „Анабела“ и Детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“. Студиото и хорот во кои членуваат деца минатата година добија признание „9 Ноември“.

Концертот со соло настап, варијација на класичениот балет „Есмералда“, го отвори младата балерина – деветтоодделенката Дора Пајдакова членка од ова студио. Потоа малите балерини на „Анабела“ настапија со „Божиќна песна“ и „Валцер на замрзнатите цветови“ на кореографија на Цеца Пајдакова, кореограф и основач на студиото.

Во вториот дел на концертот, публиката уживаше во хорската изведба на членовите на Детскиот хор „Свети Кирил и Методиј“ под диригентство на професорката Веселинка Маџарова. Тие ги изведоа народната божиќна песна „Вечниот бог“, „Днева Дњес“ од Александар Касталски, „Тивка ноќ“ од Франц Грубер како и „Pie Jesu“ од Ендру Лијд Вебер со солистите Јелена Илиќ и Катерина Вишинова во пијано придружба на Габриела Бачманова. Хористките изведоа и други новогодишни и божиќни песни традиционални и познати во европските земји, како и македонската народна божиќна песна „Небо и земја“ .

Балетското студио „Анабела“ кое постои 24 години учествувало на многу домашни и меѓународни натпревари и е добитник на бројни награди и признанија. Детскиот црковен хор „Св. Кирил и Методиј“ постои од 2012 година и е добитник на повеќе домашни и меѓународни награди во Русија, Белорусија, Украина, Црна Гора. Минатата година на Меѓународниот фестивал во Чанаккале во Турција го освоија второто место меѓу 44 хора од 11 земји.

Би можело да ве интересира

„Божиќен концерт“ во Офицерскиот дом во Битола

Ана Ололовска

Хорот и оркестарот на ООУ ,,Кузман Јосифовски – Питу од Скопје на Интернационалниот фестивал во Ричоне го освои првото место

Женскиот младински хор „Менада“ го одбележи јубилејот 40 години постоење

Празничен концерт на уметници од Хрватска во Битола

Ана Ололовска

Градскиот женски младински хор „Менада“ годинава бележи 40 години постоење

А1он

Μонашкиот хор при Бигорскиот манастир ќе учествува на Меѓународен фестивал во Атина

Ана Ололовска