Новогодишен класичен концерт во Ресен

Од:

Со новогодишниот класичен концеерт во Ресен, завршија бројните културни настани кои се одржаа деновиве во рамките на предновогодишната програма, организирана од Домот на културата „Драги Тозија“ од Ресен.

Учениците од школата за пијано, која работи под водство на Гоце Милошевски, одржаа концерт во кино салата во Ресен, пред бројната ресенска публика.

„Учениците во оваа школа во текот на целата година макотрпнo работат, вежбаат, настапуваат и го претставуваат Ресен во државата и надвор од неа. Токму затоа, овој концерт за нас значи многу и ни претставува особено задоволство што пред нивните родители и останатите наши сограѓани, тие имаат можност да го прикажат својот талент“, рече наставникот Гоце Милошевски.

Како специјални гости на овој концерт настапија и професорите Љупчо Милевски на виолончело и Игор Милевски на виолина.

Домот на културата „Драги Тозија“, како носител на културните настани во Ресен и годинава понуди квалитетни содржини за сечиј вкус во текот на месец декември.

Би можело да ве интересира

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати

Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Катерина Ѓуровски

За празниците ќе дежурaaт поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар