Нова поетска книга од Раде Силјан

Од:

„Матица македонска” објави нова стихозбирка на поетот и литературен критичар Раде Силјан, насловена „Отворена книга”. Книгата е составена од единаесет подолги песни, поделени во три циклуси кои градат една неразделна тематска целина.

За најновото дело на Силјан, академик Матеја Матевски пишува дека тоа е „оптимистички и утописки повик на поет, со оглед на реалноста на белата чума што не опфаќа“. – Оваа молитва претставува ода на животот. Тоа е возвишен солилоквиум, едно хумано чувство што предупредува за загрозите што ги носи човекот во себе…, пишува Матевски.

Раде Силјан е автор на 15 поетски книги и повеќе критичко-есеистички дела посветени на македонската книжевност. Негови дела се преведени на англиски, руски, турски, италијански, полски, романски, унгарски, украински, српски, бугарски, грчки и на латински јазик. Добитник е на национални и меѓународни награди, како и на наградата „11 Октомври“ за животно дело.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска