Нова поетска книга од Јован Стрезовски

Од:

„Светли и темни ѕвезди во душата“ е насловена новата поетска книга на писателот Јован Стрезовски, која ја објави книгоиздателството „Панили“ од Скопје.

– Познатиот писател, како редок книжевен мудрец, на страниците од своето тематски возбудливо дело ги опева животот и смртта, љубовта и тагата, надежта и болката, притоа градејќи систем на високи естетски вредности, соопшти издавачот на стихозбирката.

Јован Стрезовски (Подгорци, 1931) има богат книжевен опус создаден во изминатите шест децении творечка дејност. Автор е на петнаесет прозни дела и на дванаесет поетски книги, високо вреднувани од критиката и наградувани со национални и меѓународни признанија.

Негови книги се преведени на повеќе странски јазици, а според романот „Вода“ е снимен антологискиот филм „Време, води“ во режија на Бранко Гапо.

Би можело да ве интересира

„Што ќе речат нашите внуци“, нова поетска книга од Раде Силјан

Ана Ололовска

Традиционална поетска манифестација „Празник на липите“ 2020

Ана Ололовска

Седум поетски остварувања во потесниот круг за наградата „Антево перо“

Ана Ололовска

Младата поетеса Ива Дамјановски е добитник на годинешната награда „Браќа Миладиновци“

А1он

„Поетите на третата генерација во македонската литература“, нова книга од Веле Смилевски

Ана Ололовска

„Поетската ноќ во Велестово“ во знакот на творештвото на Зоран Анчевски, интернационалната вечер презакажана за наредното издание

Ана Ололовска