Нова музејска поставка за прогонетите од егејскиот дел на Македонија

Од:

Во Музејот на Македонија е во завршна фаза проектот за адаптација на изложбениот простор за новата музејска поставка која се однесува на прогонетите од егејскиот дел на Македонија.

– Завршени се градежните работи, а остануваат уште активностите околу ентериерот, опремата и музејските материјали кои ќе ја сочинуваат содржината на постојаната поставка по што овој значаен проект кој е поддржан во Годишната програма на Министерството за култура, ќе биде презентиран пред јавноста, соопшти Министерството за култура.

Постојаната музејска поставка „Граѓанската војна во Грција и евакуацијата на децата бегалци” го прикажува историјатот на учеството на Македонците од егејскиот дел на Македонија во Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција (1940-1949) и настаните што се одвивале на овие простори.

– Преку експонатите, меѓу кои има и фотографии, документи, карти, оружје, лични предмети, одликувања…, презентиран е националниот и културниот идентитет на егејскиот дел на Македонија, како и општествениот, економскиот и социјалниот живот на овие простори. Во музејскиот материјал застапени се и револуционерните традиции, а дел од етнолошкиот амбиент е и куќа од егејскиот дел на Македонија, како и автентични народни носии и покуќнина, информира Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање