Нова книга од Живко Грозданоски, „Писмо за Глорија“

Од:

Денеска од печат излезе новиот роман на Живко Грозданоски насловен „Писмо за Глорија“, како 216 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ.

По успешната прва соработка на „Куфер за тројца“, книга која беше финалист за „Роман на годината“, продолжуваме со поддршката и издавањето на новиот ракопис на еден од најталентираните автори на новата генерација македонски писатели.

Живко Грозданоски е роден во 1986 година во Кичево. Основно училиште завршил во Бигор Доленци и во Кичево, средно во Скопје. Дипломирал на катедрата по италијански јазик и книжевност.

Пишува проза и книжевност за деца. Неговите кратки раскази се преведени на десетина јазици, а неговите романи се преведени на бугарски („Куфер за тројца“, Или-или, 2014) и на италијански („Последното име на иднината“, Антолог, 2018) јазик. Преведува и препејува од и на италијански јазик.

Би можело да ве интересира

Излегува второ издание од „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски

Ана Ололовска

Објавен „Ние“, четвртиот роман на Ана Стојаноска

Ана Ололовска

Разговор со Ана Стојаноска во Скопската градска библиотека

Ана Ололовска

Објавено второ издание на „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски – првата книга за есеистиката на Горан Стефановски

Ана Ололовска

Стефан Тиќми: „Капут од мов“ е потсетување дека уметноста ќе го спаси светот

Ана Ололовска

Романот „Капут од мов“ од Стефан Тиќми ќе биде промовиран во „Литература.мк“

Ана Ололовска