Нова е-книга со драмски текстови на Миа Ефремова

Од:

Македонскиот центар на Интернационален театарски институт/ПРОДУКЦИЈА информира дека утре вечер во 20 часот на нивната промотивна страница на Јутуб ќе се одржи дигиталната промоција на новата електронска книга на авторката Миа Ефремова (Миа Волт).

Се работи за е-книга драмски текстови „Demigods, Rosebud“, во издание на Македонскиот центар на Интернационален театарски институт/ПРОДУКЦИЈА. Електронското издание е на англиски јазик, а авторката ги пишува своите драми на македонски, англиски и фламански јазик.

Воведниот текст – анализа на драмите на Миа Ефремова е авторски текст на Сашо Огненовски, театарски критичар, писател, поет.

Уредник на изданието е д-р Иванка Апостолова Баскар, уредник, издавач и програмски продуцент. Фотографиите се на Миа Ефремова.

– Целта на овие драмски изданија е поголема локална и меѓународна видливост и кредибилност на квалитетот и продуктивноста на современата драмска уметност кај нас. Ги промовираме и поддржуваме колегите од сите генерации активни на сценското и издавачко поле, се вели во соопштението од Македонскиот центар на Интернационален театарски институт/ПРОДУКЦИЈА.

Сите заитересирани промоцијата ќе можат да ја следат на линкот: https://www.youtube.com/channel/UCdiN20fUtY067-_TWkeJMbQ/videos

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска