Нова акција од ТРИ – Пишувачки предизвик „Карантински приказни“

Од:

Издавачки центар ТРИ ја започна акцијата Пишувачки предизвик, наречен „Карантински приказни – Антологија на изолацијата“. Нејзина цел е да се поттикнат и соберат најоригиналните и најинтересните раскази настанати во ова тешко време што сме принудени да го поминеме во изолација и дружење најмногу со себе и сопствените мисли.

Со цел да се создаде траен запис за еден од најдраматичните периоди од нашиот живот, „Карантински приказни – Антологија на изолацијата“ има задача да биде хроничар на новото време што го сведочиме и сведоштво за реалноста со која сите сме соочени. Со собирање на кратки раскази што се очекуваат од сите пишувачи кои во овие моменти имаат инспирација и сила за пишување, оваа акција е добар потег за засведочување на овој бурен и на моменти нестварен период, се вели во соопштението на Издавачки центар ТРИ.

Издавачки центар ТРИ ги охрабрува сите пишувачи – искусни и помалку искусни, да земат учество во овој интересен предизвик и да праќаат раскази на темата. Таа нема ограничување во однос на стилот и обемот. Сите творби ќе бидат внимателно прочитани од Редакцијата на ТРИ и ќе бидат објавени во една книга, а за авторите на најдобрите раскази постои можност за подолгорочна соработка со ТРИ. Книгата нема да биде продажна и ќе биде достапна во електронска верзија за сите читатели. Рокот за праќање на творбите е до крајот на април, на [email protected].

Би можело да ве интересира

„Промоција на „Волшебната авантура” и „Одмаздата на богомолката” од Оља Петрушевска -Томева

Ана Ололовска

Книгата „Клуб на обожаватели“ од Горан Трибусон преведена на македонски јазик

Ана Ололовска

Дела од 30 писатели на литературната е-манифестација „Илинден“

Ана Ололовска

Авторката на серијалот „Хари Потер“ издаде нова книга која поради пандемијата ќе биде бесплатна

А1он

Излезе од печат збирката раскази „Скопски дамари“ од Благоја Иванов

Ана Ололовска

„Переводчик” ја објави поезијата на Матеја Матевски

А1он