Нов број на списанието „Македоника“

Од:

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ објави двоброј (23-24) од списанието „Македоника“, во кој, меѓу другото, се објавени петнаесетина текстови тематски поврзани со македонската историја и култура.

– Владимир Јанев пишува за демографската состојба во Македонија од 18 до почетокот на 20 век, во кој се изнесени голем број демографски податоци за населението на Македонија од различни извори. Во овој број се објавени и неколку текстови за значајни личности од македонската книжевна и културна историја на Македонија од 19 и 20 век, и тоа Славчо Ковилоски објавува запис, односно прави своевиден портрет на Марко Цепенков, Дарин Ангеловски пишува за Григор Прличев, со посебен акцент на Прличевите препеви на Хомеровата Одисеја, Васил Тоциновски пишува за Кочо Рацин и изнесува некои нови и досега непознати податоци за Рацин, додека пак Мирче Нешовски пишува за Никола Јонков Вапцаров и за неговото поетско вознесение спрема Македонија, соопшти издавачот.

Во новото издание на списанието „Македоника“, Александар Симоновски прави анализа на паралелите меѓу АВНОЈ, Светосавскиот конгрес и АСНОМ во контекстот на прашањето на борбата за македонска државност, а Марјан Ивановски за македонското национално малцинство во Бугарија, осврнувајќи се на анализите на комисијата за меѓународни врски на ЦК на Сојузот на комунистите на Југославија и на СО на ССРНЈ во 1957 година.

Предраг Димитровски пишува за „тајната дипломатија“ за дедо Михаил (архиепископот Михаил), а Марјан Ивановски – за односот на организацијата ДООМ и на Драган Богдановски кон другите емигрантски организации.

– Во овој двоброј на „Македоника“ се објавени и повеќе британски документи за Македонија кои се однесуваат на периодот 1903-1904 година. Објавени се два рецензентски осврта на Ана Витанова-Рингачева за две книги тематски поврзани со Македонија, како на еден осврт на младиот хрватски македонист Ивица Баковиќ. На крајот се објавени и куси библиографски податоци на нови публикации за Македонија, соопшти „Македоника литера“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска