Нора Шаќири нов в.д. директор на Театар Комедија, разрешен е Сашо Ристовски

Од:

Сашо Ристовски, досегашниот директор на НУ Театар Комедија е разрешен од функцијата поради неправилности во работењето, а како в.д. директор е поставена Нора Шаќири Марковиќ, известуваат од Министерството за култура.

„Поради неправилности во работењето, утврдени од вонредниот инспекциски надзор од Министерството за култура, денеска е разрешен Сашо Ристовски од функцијата директор на НУ Театар Комедија. При надзорот е утврдено дека директорот на театарот презел обврски над одобрените средства од Министерството за култура во вкупен износ од 8.734.486 денари без притоа истите да ги обезбеди од други извори. Со тоа е сторена повреда на чл.70 а, став 4 од Законот за култура“, известија од Министерството.

До изборот на нов директор, заради непречено фунционирање на оваа установа, за в.д. директор е назначена Нора Шаќири Марковиќ, вработена во театарот.

Ристовски не одговори на нашите повици да образложи што конкретно утврдил инспекцискиот надзор.

Би можело да ве интересира

Разрешената директорка на Театар Комедија: Имав притисоци од министерката Стефоска да дадам оставка

Стефоска пред заминување ја разреши директорката на Театар комедија, по месец дена откако ја назначи

Кристијан Ландов

Стефоска ги информирала вработените во Театар комедија дека е објавен оглас за нов директор

А1он

Шаќири: Бев разрешена оти казнив вработен кој без образложение не доаѓаше на работа

Мери Јордановска

(ВИДЕО) Бунт на вработените во „Театар Комедија“: Доколку Нора Шаќири не е соодветен кадар, Дарко Спасов да биде в.д. директор

Ландов

Нора Шаќири разрешена од директорската функција во „Театар комедија“

Кристијан Ландов