„Ноќ на вистината“ на Театарот „Темплум“ од Скопје вечерва на „Ускана фест“ во Кичево

Од:

Во рамки на програмата на првиот „Ускана фест“ во Центарот за култура во Киче вечерва од 19:30 часот ќе биде одиграна претставата „Ноќ на вистината“ во изведба на театарот„ Темплум“ од Скопје, во режија на Афердита Нухији.

Покрај неколкуте комедии што беа прикажани на овој фестивал на театарот, „Ноќт на вистината“ е трагедија која се фокусира на два лика Карла и Хелвер заробени во мрежа, кои се мачат и се трудат да преживеат за време на фашистичкото владеење.

– Хелвер ментално трауматизиран карактер кој ги вградил во своето сеќавање фашистичките движења, додека Карла е мајка која ја изгубила својата ќерка и се обидува да ја пополни оваа празнина преку Хелвер, кого го третира како да е нејзин син. Детали фокусирани на болката на мајката која се обидува да преживее со рутините на правилата на Хелвер-правила на тортура.И на крајот тој станува жртва на истата тортура. Два лика кои стануваат плен на реалноста силувана мајка без деца и мајка отфрлена од општеството и заглавена меѓу четирите ѕида во неможноста да излезе, истакна Рахим Рамадани, организатор на овој фесивал и посочи дека Хелверовата ноќ е драма во која авторот доста добро ги опишува моментите на исчезнувањето на човечноста земени како заложници на Втората светска војна.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска

Музички спектакл на четири млади актерки во Јавна соба – „Girls night“

Ана Ололовска

Бесплатна изведба на „Само глас“ во МНТ по повод Светскиот ден на театарот

Ана Ололовска