„Неколку денови од август“ од Мирјана Дуганџија на македонски јазик

Од:

 Друштвото за издавачка дејност „Македонска реч“ од Скопје го објави романот „Неколку денови од август“ на хрватската новинарка и писателка Мирјана Дуганџија.

Романот „Неколку денови од август“, како што информира „Македонска реч“ беше сметан за едно од најдобрите прозни дела во 2011 година во Хрватска, беше финалист на четири високи награди.

Во романот се раскажува за жена во средни години која во своите високи потпетици вешто одржува рамнотежа во животот и во пишувањето, во чии фрагменти се прелистуваат разни аспекти на нејзината егзистенција – љубовниот живот, новинарската кариера, семејната приказна, поранешниот брак, односот со синот, шопинг хистеријата…

Во „Неколку денови од август“, пишува Миленко Јерговиќ, е собран животот на Мирјана Дуганџија и тоа во неколку различни слоеви.

– Првиот е приказната за жена што е во средни години, има син кој тукушто не одраснал, и по мачниот брак е во врска со оженет маж. Другиот е транзициска приказна за новинарка во една дисфункционална новинарска редакција и за обидите да се преживее во професијата која во Хрватска ја изгубила општествената смисла. Третиот е приказната за градското семејство за време на социјализмот, кое во нови услови и со малку искривен национален профил, ја дочекува староста. Четвртиот е роман за дваесетиот век, потрагата по семејниот идентитет, по судбините на тетките и стриковците, чиишто лица бледнеат во семејните албуми, пишува Јерговиќ.

Мирјана Дуганџија (1960, Пожега), дипломирала компаративна книжевност и филозофија во Загреб. Работела како новинар во Вјесник и Национал, а потоа во неделникот Глобус. „Неколку денови од август“ е прв нејзин роман. Живее во Загреб.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска