Неделава три изложби во Кинотеката

Од:

Од денеска до 6 ноември, во просториите на Кинотека на Република Северна Македонија ќе бидат поставени три изложби: „Довидување Скопје – довидување граду наш мил. Евакуација на децата по земјотресот во скопје 1963-1964г.“ од проф. д-р Марјан Димитријевски; „Скопје во времето на градоначалникот Јосиф Михајловиќ-Јуруковски“ од проф. д-р Лидија Ѓурковска и „Документи и фотографии за развојот на здравството во Македонија по Втората светска војна“ од проф. д-р Габриела Топузвска.

Изложбата „Довидување Скопје – довидување граду наш мил. Евакуација на децата по земјотресот во скопје 1963-1964г.“ од авторот проф. д-р Марјан Димитријевски е посветена на патешествието на скопските деца по земјотресот во 1963 година, нивно сместување, престој во бројни места ширум тогашна СФР Југославија и школувањето на македонски наставен јазик во: Пореч, Цриквеница и Лесковац.

Низ фотографии, легенди и текст изложбата „Скопје во времето на градоначалникот Јосиф Михајловиќ-Јуруковски“ од Лидија Ѓурковска зборува за градителската дејност во Скопје на познатиот архитект и градоначалник Јософ Михајловиќ-Јуруковски кој и самиот е автор на бројни познати скопски архитектонски градби.

Здравството како важен сегмент од секојдневниот живот на повоена Македонска држава е темата на изложбата на фотографии и документи „Документи и фотографии за развојот на здравството во Македонија по Втората светска војна“ од Габриела Топузвска, посветени на здравството, здравтсвените институции и здравтвените прилики во оваа време.

Би можело да ве интересира

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

Отворање на изложба на скулптури „Зодијак” на Митко Дамјановски

Изложба на Ване Костуранов – „Таен премин кон Месечината“

Архитектонска изложба „Скопје на новата генерација“