ВИДЕО: „Не сега, драга“ во режија на Коле Ангеловски за шестиот роденден на Театар Комедија

Од:

„Не сега, драга“ од Реј Куни, а во режија на Коле Ангеловски е новата премиера на Театар Комедија. Претставата ќе се изведе утревечер, на Меѓународниот ден на театарот и на шестиот роденден на Театар Комедија.

Во комедијата играат Атанас Атанасовски, Жаклина Петровска, Валентин Костадиновски, Ева Скендеровска, Дарко Вељиќ, Едмонд Сотир, Кристина Ласовска, Жарко Димоски и Тања Мицков. Драматург е Дарко Јан Спасов, костимограф Раде Василев, а сценограф е Илина Ангеловска, која го направи и изборот на музикаа.

Режисерот Ангеловски на денешната прес-конференција истакна дека претставата може да се нарече и хотел „Македонија“. Приказната е за еден пратеник од Куманово кој доаѓа на состанок во Собранието на Република Македонија. Се сместува во хотел и има закажано љубовен состанок со секретарката на претседателот, а како пречка се појавува неговата сопруга.

– Оваа претстава ја правев пред околу 25 години во Драмскиот театар и тоа беше деби на Драган Сапсов-Дац. Тогаш се одиграа 250 репризи и се надевам дека и оваа претстава ќе има голем број репризи, нагласи Ангеловски, кој додаде дека актерите се фантастични.

Младата актерска екипа, Жаклина Петровска, Ева Скендеровска и Кристина Ласовска нагласија дека за нив е чест и задоволство што соработувале со, како што велат, доајенот Коле Ангеловски. Уживале додека ја подготвувале претствата и ги поканија посетителитеа да ја погледнат.

Директорот на Театар Комедија Сашо Ристовски на истата прес-конференција ја претстави програмата за 2018 година и дел од нивните идни проекти. Во април режисерката Ана Вукотиќ од Црна Гора со својот тим ќе почне да го работи „Мизантроп“, а во втората половина на 2018 година ќе работат режисерите Александра Кардалевска и Ѓорѓи Ризевски. Информира дека менаџерскиот тим на Театар комедија и општина Аеродром се договориле да се одржи Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ за кој не беа предвидени средства од Министерството за култура.

Театар комедија за годинава има предвидено повеќе гостувања, во Црна Гора и учество на неколку фестивали. Ристовски соопшти дека добиле средства од Министерството за култура за реконструкција на дел од објектот.

Тој рече дека по 12 години потпишале договор со Драмскиот театар од Благоевград каде се предвидени меѓусебни соработки и гостувања, а најави потпишувања меморандумски договори со театрите од соседството.

Би можело да ве интересира

Две претстави и многу смеа: Почна фестивалот „Гола месечина“ во општина Аеродром

Ана Ололовска

Разрешената директорка на Театар Комедија: Имав притисоци од министерката Стефоска да дадам оставка

Стефоска пред заминување ја разреши директорката на Театар комедија, по месец дена откако ја назначи

Кристијан Ландов

Стефоска ги информирала вработените во Театар комедија дека е објавен оглас за нов директор

А1он

Шаќири: Бев разрешена оти казнив вработен кој без образложение не доаѓаше на работа

Мери Јордановска

(ВИДЕО) Бунт на вработените во „Театар Комедија“: Доколку Нора Шаќири не е соодветен кадар, Дарко Спасов да биде в.д. директор

Ландов