Наум Михајловски најнаградуван член на Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола

Од:

11-годишниот Наум Михајловски, член на Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола е најнаградуваниот млад ликовен уметник за минатата година.

На денешната прес-конференција на Студиото, која се одржува по повод денот на формирањето на Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“, како и по повод денот на раѓањето на најголемиот пријател и поддржувач на студиото, Тоше Проески, раководителот Коста Хаџиантоновски ги презентираше успесите на младите ликовни творци и лично им ги врачи медалите, дипломите и други награди кои членовите ги освоија во текот на минатата година.

– Успешната 2015 година ја завршивме со награди за 18 деца, а најнаградуван е Наум Михајловски кој лани ја доби највисоката награда во Канагава-Јапонија. Имено, Михајловски доби награда од претседателот на УНЕСКО во Јапонија, златен медал во Индија, како и почесна награда од градот Торун во Полска. Горди сме на наговите успеси, како и на успесите на другите членови на Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола, истакна Хаџиантоновски.

фото: миа

Би можело да ве интересира

Почнува 14. Меѓународна ликовна колонија „Скопје”

Ана Ололовска

Заврши меѓународната ликовна колонија „Ѓуриште“ во Свети Николе

Ана Ололовска

„Картографија на просторното насилство“ – уметничка интервенција на фасадата на Операта

„Женски простори“ – дискусија за вклучување на жените во уметноста

Ана Ололовска

Со изложба од ликовната работилница заврши културно-уметничката програма на „Струмица опен фестивал“

Ана Ололовска

Ќе се реставрира „Ноќната стража“ на Рембрант

Ана Ололовска

Leave a Comment

twelve − seven =