Научен собир за 650 години од Битката на Марица

Од:

Националниот комитет за византологија и медиевистика, Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грзданов“ при МАНУ и МПЦ – Охридска архиепископија денеска од 11 часот во МАНУ ќе организираат научен собир посветен на 650 години од Битката на Марица (1371-2021).

dobivaj vesti na viber

Како што информира Академијата, на собирот ќе имаат излагања 14 учесници – историчари, археолози и историчари на уметноста.

– Ќе бидат презентирани теми поврзани со Битката на Марица, најзначајниот настан од балканската и на на македонската национална историја од времето на доцниот 14 век, теми од средновековната археологија поврзани со средновековните локалитети и тврдини од пределите на Пелагонија и Мариово, јадрото на државата на кралот Волкашин и Марко, како и теми поврзани со архитектурата и уметноста на Марков манастир и, воопшто, уметноста од времето на втората половина на 14 век, соопшти МАНУ.

Би можело да ве интересира

Ден на МАНУ

Ана Ололовска

Коцарев: Македонската држава, идентитет, јазик и култура ќе опстојат, политичките околности не се добри

Ана Ололовска

Пендаровски, Црвенковски и Иванов во понеделник на научен собир во МАНУ

Ана Ололовска

Почина Васил Панов, поранешен дипломат, генерален секретар на МАНУ и врвен шахист

А1он

Димовски: Со коронавирусот сигурно ќе се справуваме уште една до две години

Мери Јордановска

Научен собир на МАНУ посветен на Крсте Мисирков

Ана Ололовска