Научен собир на МАНУ за Димитрија Чуповски

Од:

На собирот на МАНУ по повод денот од формирањето на Македонското научно-литературно другарство во Петроград во 1902 и 80-годишнината од смртта на неговиот претседател Димитрија Чуповски, претседателот на Академијата Љупчо Коцарев предложи идната година МАНУ да го одбележува овој датум како зародиш на постоењето на Академијата.

Истакна дека формирањето на Македонско-научното литературно другарство во Петроград (денешен Санкт Петербург) е настан кој симболично го означува почетокот на македонската современа научна мисла. Роденденот на МАНУ се одбележува на 9 октомври, денот кога е основана во 1967, но Коцарев смета дека по примерот на други академии, од идната година на 28 октомври да се одбележат 119 години на Академијата бидејќи нејзината историска основа е во Македонско-научно литературното другарство кое во Петроград го формирала македонската емиграција.

Се заблагодари за придонесот на академик Блаже Ристовски, проучувач на делото на Чуповски и Мисирков, нагласувајќи дека со своите темелни истражувања проникнал во историјата на Македонија и македонскиот народ.

– Македонското име, јазик и култура, идентитет, историја, национална свест и самобитност се суверено, нераскинливо и неотуѓиво, универзално право на македонскиот народ. Парадоксално и, за жал, дел од овие права ги загубивме во потрага по античкото минато, а дел во името на европска иднина. Време е за национален консензус за сите овие прашања… Се надевам дека ќе најдеме сили да излеземе од состојбата во која се наоѓа дел од македонскиот народ – поделеност, разнебитеност и разочараност, со цел достоинствено, но не по секоја цена да продолжиме во Европа, истакна претседателот на МАНУ.

Се осврна и на уште еден значен датум во октомври – Денот на народното антифашистичко востание на 11 октомври 1941, за кое рече е камен-темелник, меѓа за самобитност и самостојност, но дека, за жал, сведоци сме, како што рече, на негирање на овој настан и на постоењето на македонскиот народ и на осободителниот антифашистички карактер на востанието.

– Тоа е востание на Македонците против ропството на Бугарија која на денот на востанието била сојузник на нацистичка Германија и фашистичка Италија и ја окупирала територијата што се нарекувала Вардарска Бановина како дел од Кралството Југославија. Најголемиот дел од населението на Вардарска Бановина на денот на окупацијата од Бугарија се чувствувале како Македонци, рече Коцарев, додавајќи дека современата македонска држава е помлада од македонскиот народ.

Чуповски (1878 – 1940)“, во чии рамки се организираше собирот, се осврна на периодот од 1878 до 1918, како што рече, епските и драматични времиња за Македонците, говореше за македонската интелигенција во емиграција, за подвигот на постпреродбениците Пулевски, Мисирков и Чуповски, што го нарече „клучен исчекор од стапицата на пропагандната и психолошка инвазија на Македонците кон зоната на слободата“.

Посочи дека поимањата на Чуповски на македонството, неговите чувства, зборови и дела се единствена целина и не се откажал од своето државјанство на Отоманската Империја само зашто не сакал да прими државјанство ни на Бугарското Кнежество, оти не се чувстввал Бугарин, ни се пронаоѓал во бугарската кауза која, како што рече, „се сметала за заокружена само доколку ја приграби и Македонија во своите граници, дури и не толку географски, колку етнички, јазично и историски“.

-Се работи за три култни начела поврзани со идентитетот, територијалниот и етничкиот интегритет на Македонија и нејзината политичка автономија. Другарството ги промовира во својата дипломатска дејност овие три врховни начекла – идентитет, интегритет и автономија. За да се оствари таа цел, ако не може одеднаш, тогаш постапно, Другарството доаѓа до заклучок дека во почетната фаза Македонија би требало да има признат статус на рамноправен дел на балканското семејство на народите, па дури и во составот на некоја федерација, рече Ќулавкова.

Додаде дека македонската парадигма на Другарството од Петроград и денес е актуелна и опоменува, како што рече, дека не смеат да се прават отстапки во однос на македонскиот идентитет ни по однос на македонската етничка, јазична и културна територија која ги надминува границите на актуелната држава.

– Затоа што барањата за такви отстапки се нелегитимни и непримерени за научните, демократските и цивилизациските дискурси. Ако работи според законот по кој е основана, МАНУ не би требало да дозволи да биде употребена како покритие на ексклузивни, ненаучни и прагматично-политички цели, истакна Ќулавкова.

На собирот беа одбележани 120 години од почнувањето на активностите за формирање на Македонското научно-литературно друштво во Петроград (1902-1917) односно две години пред неговата регистрација, 80-годишнината од смртта на Димитрија Чуповски (с. Папрадиште, Велешко, 8.11.1878 – Ленинград, 29.10.1940) и 30-годишнината од пренесувањето на неговите мошти од гробиштата кај црквата „Александар Невски“ во Санкт Петербург во могилата на Градските гробишта во Скопје.

Би можело да ве интересира

Почина академик Јордан Поп-Јорданов

Горан Наумовски

Попов: МАНУ има капацитет да ѝ помогне на државата во справувањето со тешките општествени појави

Горан Наумовски

Меџити: Со новата медицинска опрема во МАНУ резултатите готови за еден ден

Академик Живко Попов нов претседател на МАНУ

Промоција на монографијата „Газанфер Бајрам“

Ана Ололовска

Сè уште трае штрајкот на вработените во Секретаријатот и во стручните единици на МАНУ

Ана Ололовска