Настапи на 15 артисти од електронската, рок и џез сцена во МКЦ

Од:

На деветото по ред издание на фестивалот ПМГ Рекордингс денеска во МКЦ на три подиуми за танц, ќе настапат 15 артисти од електронската, рок и џез сцена, признати музички автори, изведувачи од домашната и меѓународна сцена.

На фестивалот, како што соопшти тимот на ПМГ Рекордингс, ќе настапат домашните џез состави „Сетстат” и „Светлост” како две моментално најрепрезентативни музички формации кои го негуваат современиот џез звук. Сцената со нив ќе ја сподели и „Мухамед Ибрахими” нашиот виртуоз на жичани инструменти, кој прави совршен спој помеѓу традицијата и современиот звук. Од инди рок составите на фестивалот ќе се претстават домашниот состав „Александар Велики” и гостите кои ни доаѓаат од Тирана, бендот „3:56АМ” кои штотуку издадоа албум за ПМГ Рекордингс.

Од помладата генерација на фестивалот го претставуваме електронскиот колектив „Барум Барум” хит на сезоната со настап во живо, покрај веќе докажаниот и со бројни настапи „Кантон6”. Како диџеи на фестивалот ќе земат учество ветерантите на електронска сцена, артистите на пиемџи колективот Мирко Попов, Горан Атансовски – Роботек, Дарко Јорданов, Горан Атансовски – Роботек, Илина Ангеловска, Виолета Качакова како дел од колективот од средната генерација, и младите и самостојни а веќе докажани и диџеи и продуценти Бодан Јамакоски и Марко Рикалоски.

Специјалната понуда на вечерта се британските „Параноид Лондон”, еден од водечките состави на современата електронска есид-хаус сцена, кои за прв пат ќе се претстават на македонската публика.

Фестивалот се реализира со поддршка на Град Скопје, Министерство за култура и Поп Ап-Златен Даб.

Би можело да ве интересира

Костадиновска Стојчевска: Да се одложат одредени проекти во МКЦ додека да се реши статусот на хонорарците

Синдикатот на МКЦ бара надлежните институции да најдат решение за хонорарно ангажираните лица

Горан Наумовски

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Бени Шаќири нов директор на МКЦ

VILLAGERS OF IOANNINA CITY за прв пат во Скопје

АНДЕРФЕСТ ќе се одржи петти пат на 13.ти октомври во МКЦ