Наскоро документарен филм за Бигорскиот манастир

Од:

Во рамки на одбележувањето на 1000-годишнината од основањето на Бигоскиот манастир наскоро светлото на денот ќе го види уште еден значаен документ. Станува збор за документарен филм за постоењето на Бигорскиот манастир, преживеаните голготи и опстанокот.

– Со благослов на игуменот на Бигорската Свештена Обител, владиката Антаниски Партениј, а по повод 1000-годишнината од основањето на нашиот десетвековен духовен светилник, професионален тим предводен од режисерот Илија Ико Каров, во изминатите две и пол години подготвува документарен филм, насловен „1000 години Сведок на Светлината“, изјави сестра Ефимија за МИА.

Додава дека филмот не само што го одбележува големиот јубилеј, туку и го доловува духовниот монашки континуитет низ вековите на еден цел милениум.

Во чест на јубилејот, пред два дена беше промовирана книгата „Вековитиот светилник“ на професор доктор Вера Стојчевска – Антиќ, инспирирана и посветена, како што кажа самата авторка, на воскресителот на ова илјадагодишно светилиште, епископот г. Партениј.

– Авторката на еден вдахновен начин го следи неговиот неуморен подвиг во духовното градење на Светилиштето, низ примерите на монашкото секојдневие, кои и самата имала прилика да ги доживее во бројните посети на манастирот, како и личните искази на браќата и сестрите, нагласува сестра Ефимија.

Минатата недела во манастирот беше одржана научна конференција „По патеките на Дичо Зограф“, македонски иконописец, претставник на дебарската школа. Тој е еден од најпознатите иконо и фреско-сликари на Балканот во 19-век.

Би можело да ве интересира

Претставници од Бигорскиот манастир иконата на Св. Георгиј Победоносец ја однесоа во светогорскиот манастир Ксенофонт

Предраг Петровиќ

Комбе за џамијата во Арачиново, лустери и темјан за Бигорски манастир: Донации од Агенцијата за одземен имот

Орце Костов

Во Рим проекција на филмот „1000 години – Сведок на Светлината“, посветен на илјадагодишнината на Бигорскиот манастир

Ана Ололовска

Филмот „1000 години сведок на светлината“ на Илија Ико Каров утре ќе се емитува во Рим

Ана Ололовска

Владиката Партениј и монасите и монахињите од Бигорски, Рајчица, Пречиста и Кнежино на средба со Вселенскиот патријарх

А1он

Бигорски ги објави текстовите на возобновените божиќни и новогодишни каланди

Ана Ололовска