Народниот театар од Охрид премиерно ќе ја изведе претставата „Дух“

Од:

Народниот театар од Охрид вечерва премиерно ќе ја изведе претставата „Дух“, работена според текст на Дејан Дуковски, а во режисерска поставка на Сашо Миленковски.

Претставата „Дух“ е потрага по одговор на прашањето за тоа што се случува со обичниот човек кога ќе се помине прагот на толеранцијата…од разно,разни криминални структури. Човек тогаш оди по пат и убива…што не е изненадувачки кога се работи за криминалци, но тоа да го прават обични луѓе?

Ова е повторна режисерска поставка на Сашо Миленкоски на текст на Дуковски, со кого веќе соработувале на веќе култните претстави „Буре барут“ и „Балканот не е мртов“.

Охридскиот театарски ансамбл овој пат е освежен со двајца актери од надвор. Верица Недевска која е од Охрид, а живее во Прага и со Јовица Михајловски од Драмскиот театар во Скопје. Останатите улоги ги толкуваат Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Биљана Билаловиќ Вељаноска, Адријана Билаловиќ Тодороска, Елизабета Стефановска, Павел Маслов, Филип Кипровски и Митко Серафимоски.

Сценографијата и костимографија се на Владимир Симоноски, ко-автор на музиката е Александар Гулевски. Во претставата е вклучен и Градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“ под диригентство на Бурим Хидри.

Премиерната изведба е од 20 часот на Mалата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“, со редуциран број гледачи поради протоколите за Ковид-19. Репризно претставата ќе биде на матичната театарска сцена и утревечер во истиот термин.

Би можело да ве интересира

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска

Музички спектакл на четири млади актерки во Јавна соба – „Girls night“

Ана Ололовска