Најстарата градба на древните Маи

Од:

Археолози од Мексико и од американскиот Универзитет на Аризона открија древна тврдина во југоисточно Мексико, за која се верува дека е најстарата градба што им припаѓала на старите Маи.

Американскиот археолог Такеши Интомат смета дека таа е изградена пред 3.000 години. Долга е 1.400 метри, широка – 400, а висока меѓу 10 и 15 метри. Зданието е откриено со ласерско скенирање од воздух, проследено со ископувања.

Се верува дека тоа место се користело за ритуали.

Цивилизацијата на древните Маи е позната по својот доста усовршен систем на пишување, како и по математичките и астрономски откритија.

Својот цут го доживеала околу 1000 година пред Христа во она што денес се нарекува Гватемала и во делови од Мексико.

Би можело да ве интересира

Продолжуваат истражувањата на кралската гробница во прилепско Бонче

А1он

Завршија археолошките ископувања на локалитетот Градиште во Младо Нагоричане

Ана Ололовска

Одбележување на отпочнувањето на реконструкцијата на Хераклеа Линкестис

Ана Ололовска

Апликација за читање хиероглифи

Ана Ололовска

Почнаа археолошките истражувања во Стоби

Ана Ололовска

Археолошкиот локалитет Стоби од денеска отворен за посетители

Ана Ололовска