„Најсреќниот човек во светот“ на Митевска со награда за еазвој на Сараевскиот филмски фестивал

Од:

На Филмскиот фестивал во Сараево, што се одржа од 16 до 23 август, новиот проект во развој „Најсреќниот човек во светот” на Теона Стругар Митевска, кој беше преставен на „Синелинк маркетот“, ја доби Еуримаж наградата за развој во висина од 20.000 евра.

На „Синелинк“, како што соопштуваат од „Сестри и Брат Митевски Продукција“, оваа година беа преставени 17 проекти од Европа.

„Најсреќниот човек во светот” е сценарио потпишано од Теона Стугар Митевска и Елма Татарагиќ, и продукциската куќа „Сестри и брат Митевски“, како што посочуваат, го развиваат веќе три години и во Сараево прв пат беше претставен пред голем број на филмски професионалци.

Од таму посочуваат дека реакциите за сценариото и интересот за копродукциска соработка не стивнуваа за да на крај биде крунисано со оваа престижна награда.

Од продукциската куќа потсетуваат дека и филмот „Господ Постои, името и е Петрунија“, исто така својот пат го започнал на овој фестивал и ја добил истата награда во 2017 година.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето