„Најголемите хитови“ – традиционален василичарски концерт во Националната опера и балет

Од:

Традиционалниот концерт по повод празникот Василица ќе се одржи и оваа година на 12 и 13 јануари со почеток во 20 часот во Националната опера и балет.

Овогодишниот концерт на НОБ е насловен „Најголемите хитови“, односно направен е избор од најдобрите хитови од досегашните василичарски концерти со симфониски аранжмани. Публиката ќе има можност да ужива во популарните светски и македонски хитови во изведба на оперски и поп солисти, придружувани од оркестарот на Националната опера и балет под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Настанот ќе се одржи според протколите предвидени за одржување на настани во затворен простор, при што ќе биде задолжително носење на заштитна маска.

Билетите се достапни на билетарницата и на веб-страната на Националната опера и балет.

Василичарскиот концерт започна да се одржува од 1993 година, па се до денес, со цел да се прослави Старата Нова Година. Концертот стана препознатлив, популарен и еден од најпосетените настани кај нас, се додава во соопштението на НОБ.

Би можело да ве интересира

Концерт на НОБ на свеченото затворање на 44. Денови на македонска музика

Ана Ололовска

„Палјачи“ репризно во вторник, НОБ му ја посветува операта на Фимчо Муратовски

Катерина Павлова-Николовска

Операта „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало на 30 септември премиерно во НОБ

Ана Ололовска

„Романтична балетска вечер“ со дела од данскиот кореограф Бурнонвил

Ана Ололовска

Премиера на „Игри на животот“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Националната опера и балет со велигденска онлајн премиера на Стабат Матер

Ана Ололовска