Наградата „Поетски синтези“ за Јасна Софија Косановиќ од Штудгард

Од:

Jасна Софија Косановиќ од Штутгард е добитник на наградата „Поетски Синтези“ за книгата поезија „Ромска Душа“ во рамките на меѓународниот поетски фестивал „Поетски синтези“ кој се одржува од 7 до 9 јули во Битола. Книгата ја објави Здружението за наука и култура „Нова“ со финансиска поддршка на Министерството за култура. Препевот го направи Ленче Милошевска, а книгата ја промовираше Мирјана Стојановска.

– Книгата „Ромска душа“ претставува високо естетизиран сублимат на битот на ромскиот народ. Неговите страдања низ историјата, тагата, искреноста и чесноста, вљубеноста во музиката и танцот се испреплетуваат низ метафоричноста на песните барајќи рамноправен третман на ромскиот ентитет во семејството на народите во светот, истакна Стојановска.

На фестивалот вчера се одржа поетски симпозиум на тема „Творештвото на Петре М. Андреевски“. Исто така беа промовирани книгите поезија на Валерио Орлиќ, Анѓелка Корчуланиќ, Анте Грегов, Ленче Милошевска и Љубиша Симиќ, а беше изведена и драматизацијата на поемата „Бегалци од својот дом“ од Мирјана Стојановска во изведба на актерките од алтернативниот театар во Битола, Ана Жежовска и Симеона Павловска.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска