Авторката Марта Маркоска е добитник на овогодинашната награда „Бели мугри“, за млад автор до 35-годишна возраст што ја доделува ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“-Скопје.
Според одлуката на жирито во состав: Бранко Цветкоски, претседател и Тодор Чаловски и Јованка Христовска, членови, Марковска ќе ја понесе наградата за нејзиниот поетски ракопис „Црни дупки во нас“.
Втората награда и е доделена на Љупка Антеска за поетскиот ракопис „Лек за времето и третата на Јосип Коцев, за поетската книга „Отфрлени“.
Наградите ќе бидат доделени на 22 декември на манифестацијата „Денови“, којашто Домот ја организира традиционално и е посветена на раѓањето на поетот Коста Солев Рацин.