Надминати проблемите во културата, платите ќе почнат да се исплаќаат

Од:

Министерството за култура и синдикатите од културата, СОНК и СКРМ одржаа работна средба на која беше разговарано за надминување на проблемите во примената на Колективниот договор во делот за плати во областа на културата за месецот  јули.

На средбата, како што соопшти Министерството за култура, беше заклучено дека причините за проблемите поради кои доцнат платите за јули се надминати и дека исплатата на платите започнува веднаш за оние институции што се подготвени. Другите ќе ги добиваат платите етапно, по усогласување на систематизациите во институциите.

Министерката за култура Ирена Стефоска упати повик до институциите кои немаат донесено нови систематизации во согласност со новиот Колективен договор тоа да го сторат во најбрз можен рок и на тој начин да ја почнат исплатата на платите, а со тоа да почнат во целост да го применуваат Колективниот договор кој стапи во сила во јануари 2020 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

СДСМ: Поголеми плати во новиот мандат, 1.000 евра просечна и 600 евра минимална плата

Горан Наумовски

Железници добија нова помош за исплата на плати: Само советниците на директорот чинат 20.000 евра

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

„Нема рецепти, упати, исплаќања од фондот, се ќе застане“ – вработените во ФЗОМ на штрајк ако им ги намалат платите

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ