Нада Прља со „АдаН во градот на огнот“ во МСУ

Од:

Во Музејот на современата уметност – Скопје денеска ќе биде отворена изложба на Нада Прља со наслов „АдаН во градот на огнот“. Во рамки на инсталацијата инкорпорирани се стрип, скулптура, цртежи, графити и дела позајмени од колекцијата на МСУ.

– Со оваа изложба ги пренесувам посетителите во замислената 3030 година, каде нашата цивилизација веќе исчезнала и настанала нова, која нема информации за нас. Користам алегорија со желба нашиот поредок да биде преиспитан од една неутрална точка. Новата цивилизација откопува збирка на уметнички дела, создадени и собрани од страна на АдаН (мој псевдоним Нада-Адан) пред цивилизацијата на АдаН да исчезне засекогаш во претпоставениот ден 20.02.2020. АдаН е замислен лик, супер херој кој ја презема улогата на заштитник на нашето културно наследство, заради претчувството дека нашата цивилизација сосема ќе исчезне, наведува Прља.

На изложбата ќе можат да се видат дела на Прља создадени меѓу 2007 и 2019 година, но модифицирани.

– Оваа уметничка постапка има за цел негирање на понатамошно искористување на други материјали во процесот на креирање на нови уметничко дела, како едно од можните решенија за светската криза во рамки на уметничкото создавање. Потоа во оваа збирка, помеѓу другото, се наоѓат и дела на Грабулоски, Манев и мојата баба Нада Корда Сима, укажувајќи на испреплетеноста на односот помеѓу личната и јавната перцепција на културната сегашност и минато, посочува Прља.

Целата збирка на уметнички дела е придружена со документарен материјал (фотографии и видео) кои постојано потсетуваат на урбаните процеси во нашиот град Скопје.

Изложбата ќе биде отворена до 21 февруари.

Би можело да ве интересира

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

Отворање на изложба на скулптури „Зодијак” на Митко Дамјановски

Изложба на Ване Костуранов – „Таен премин кон Месечината“

Архитектонска изложба „Скопје на новата генерација“