„На сцена“ – самостојна изложба на Глигор Кондовски

Од:

Со самостојна изложба на фотографии пред тетовската публика се претстави Глигор Кондовски, професор по виолина, филсмки работник и фотограф. Изложбата е насловена „На сцена“, а дваесетината дела се изложени во Музејот на тетовскиот крај.

-Неговите чекори одамна се длабоко навлезени во порите на несовршеното поле а тоа е уметноста. Со порив на хедоснист со чиста душа, господар на амбиенталниот звук и на виолината и вечно инспириран од мајстории на Тарковски,Кондовски свесно низ својот домен на креативен интерес прави една природна состојба односно еден суптилен амалгам врз насвидум различности и спој на навидум неоспоивото. Ако првата љубов за него е музиката, а втората филмот, а филмот како форма претставува слика во движење тогаш оваа негова приказна која ни ја претставува е идеално соединување на различните уметнички перцепции во една целина, истакна на отворањето ликовениот уметник и рецензент на изложбата, Славчо Максимовски.

Изложбата е збир на сценски фотографии кои може да се погледат во работните денови на Музејот од 8 до 13 часот.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“