„На отворено море“ утревечер премиерно на сцената на штипскиот Народен театар

Од:

На отворено море“ е новата театарска претстава на штипскиот Народен театар, којашто утревечер во 20 часот ќе биде премиерно изведена. Претставата е во режија на Никола Ристов, а е работена по текст од Славомир Мрожек. Ристов на денешната прес-конференција истакна дека во претставата се говори за политиката, но и за екологијата. Во претставата играат Анѓелка Нашкова, Марија Минчева Андонов, Пеце Ристевски, Миле Вратеовски и Владимир Тулиев, гардеробата е  на Верица Давчева, а драматургијата на Весна Куслеска.

На отворено море е претстава која ни ја доближува реалноста на себичното, за самопрогласеното цивилизирано, за стравот од празен стомак. Садомазохистичкиот поглед на човештвото низ објективотна апсурдот, драма каде катарзата не е во полнењето на празниот стомак, туку во чинот на убиството. Драма која ни покажува дека се е веќе избрано дури и пред идејата за самиот избор, вели Куслеска.

Ристов посочи дека она што актерите го прават на сцената ќе биде вистинско уживање за публиката.  

-Ова е втора претстава која годинава со сопствени средства ја работи нашиот театар. Претставата беше голем предизвик за мене оти главните ликови во неа не се некои веќе напишани ликови кои можеме лесно да ги изанализираме и поставиме на сцена туку тие претставуваат определени општествени групи како што се политичарите, бизнисмените, народот, рече Ристов.

Актерите Пеце Ристески и Марија Минчева Андонова забележаа дека во преставата говори за гладот, без разлика дали е политички или економски. 

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска