На „Охридско лето“ вечер со кларинетистот Стојан Димов и Дино Имери на пијано

Од:

Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на домашните уметници, Стојан Димов на кларинет и Дино Имери на пијано.

Стојан Димов основно и средно образование завршува во Велес и во Скопје, а во периодот од 1975-1981 година студира на Факултетот за музичка уметност во Скопје (проф. Иван Кочаров) и на Универзитетот во Загреб (проф. Јосип Нохта). Магистрира во 1993 година во Скопје, а од 1980-1995 година е соло кларинетист во Македонската филхармонија. Истовремено е член на Биг Бендот на МРТ, а од 2002 година е постојан член на групата на Горан Бреговиќ. Низ годините бележи бројни настапи со рецитали, а како солист настапува со повеќе македонски и странски оркестри. Соработува со значајни диригентски имиња, а член е и на разни камерни ансамбли. Денес, Стојан Димов е еден од најактивните македонски музичари со настапи низ целиот свет.

Дино Имери (1990) е еден од најреномираните македонски пијанисти. Настапувал со огромен успех со Стразбуршка филхармонија, Софиска Филхармонија, Македонска Филхармонија, Симфониски и Камерен оркестар на ФМУ, Македонска Опера и Балет, Камерен оркестар на Музичка младина на Македонија. Со рецитали настапувал на престижни сцени низ цела Европа меѓу кои: „Ватрослав Лисински“ – Загреб, Палата „Естерхази“ и „Лист-Центрум“ во Австрија, „Пијано Плаж фестивал“ во Франција, Охридско лето, Скопско лето, Интерфест – Битола и др.

Добитник е на голем број награди и признанија. Имери бележи и бројни домашни и меѓународни дискографски изданија, а од Декември 2018 г. се стекнува со звање доцент и предава на факултетот за Музичка уметност во Скопје повеќе предмети од областа на пијано, камерна музика, корепетиција и пијано во контекст.

Концертот ќе се одржи на прекрасната сцена во катедралната црква „Света Софија“ со почеток од 21 часот.

Би можело да ве интересира

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма

Музичка вечер на „Охридско лето“ со концертот на професионалниот мешан хор „Про Арс“

Вечер на Украина во рамките на „Охридско лето“ со пијанистот Алексеј Ботвинов

Црногорскиот виртуоз на виолина Роман Симовиќ на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ пијано рецитал на Френк Дупре и претставата „Ана Каренина“ на Театарот од Нови Сад

Предраг Петровиќ

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор