На Мирча Картареску ќе му биде врачена наградата „Прозарт“

Од:

На третиот ден на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ во Скопје, вечер во 20 часот во Даут-пашиниот амам, ќе му биде врачена наградата „Прозарт“ на годинашниот лауреат романскиот писател Мирча Картареску за особен авторски придонес кон балканската литература.

dobivaj vesti na viber

Картареску ќе се претстави и со дел од своето творештво, а гостите на фестивалот Миљенко Јерговиќ, Јоана Николае, Оливера Ќорвезироска, Анте Томиќ, Калин Терзиски ќе читаат извадоци од нивното творештво.

Во придружната програма „Musicians’ cut“ ќе настапат Гоце Јованоски и Андреа Мирческа, кои ќе изведат експериментална звучна импресија од филмот „Устав на Република Хрватска“, снимен по сценарио на Томиќ.

На 22 септември, фестивалот организира дополнителна програма во книжарницата „Буква“ во Скопје од 20 часот. Александар Прокопиев ќе зборува за творештвото на Гојко Божовиќ, а двајцата заедно, пак, ќе зборуваат за делото на Даниело Киш.

Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ е поддржан од „Традуки“, Министерството за култура, Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Град Скопjе, амбасадата на Романија, Спона, Кинотека. Организатор на фестивалот е издавачката куќа „Прозарт медиа“.

Би можело да ве интересира

Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ во Даут-пашин амам

Ана Ололовска

Книжевни вечери, дебата, филм на програмата на 9. „ПРО-ЗА Балкан“

Мери Јордановска

Јерговиќ, Томиќ, Ќорвезироска – дел од гостите на годинешното издание на „ПРО-ЗА Балкан“

Ана Ололовска

„Медена земја“ и видеообраќање на Јерговиќ во рамки на „ПРО-ЗА Балкан“

Ана Ололовска

Завршува осмото издание на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“

Ана Ололовска

Почна 8-то издание на „ПРО-ЗА Балкан“ во Куршумли ан

Ана Ололовска