На Меѓународниот конкурс за карикатура во Крива Паланка пристигнале 180 дела

Од:

На Меѓународниот конкурс за карикатура на тема „Мажот како колатерална штета во односот снаа – свекрва” во Крива Паланка годинава пристигнале 180 дела, информираше Стојанче Величковски, организатор на конкурсот.

– И оваа година имаме одличен одѕив од еминентни карикатуристи од сите меридијани. Добивме 180 дела од 74 автори од 26 држави, со што се докажува дека овој конкурс прераснува во реномиран и интересен настан, со универзална и секогаш интригантна и инспиративна тема, односот снаа – свекрва, рече Величковски.

Пристигнатите творби ќе ги оценува жири составено од познати карикатуристи од Македонија и Бугарија. Најдобрите три карикатури ќе добијат награди: прва награда „Трофеј Невестулка” и паричен износ од 250 евра, втора награда – диплома и 200 евра и трета награда – диплома и 150 евра. Жирито ќе додели и специјална награда за најдобра колекција.

– Годинава жирирањето ќе го вршат дами, докажани карикатуристи од Македонија и Бугарија, а покрај делата ќе ги оценуваат градоначалникот на Крива Паланка, директорот на Градски Музеј – Крива Паланка и јас како автор на конкурсот, а покрај најдборите карикатури кои ќе бидат наградени ќе избереме сто дела кои ќе бидат претставени на изложба во Скопје, додаде Величковски.

Конкурсот е придружна манифестација на „Невестинско поклонение на свети Теодор-Тирон“ во кривопаланечкото село Конопница. Поради својата уникатност конкурсот лани беше дел од Годишната програма на Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Битолскиот карикатурист Блаже Докуле награден во Сеул

Ана Ололовска

Објавен конкурсот за 21. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам

Ана Ололовска

Карикатура во „Ла Република“: Жените со препреки, а мажите лесно во кариерата

Во Крива Паланка изложба од 4-ти Меѓународен конкурс за карикатура

Ана Ололовска

Меѓународен конкурс за карикатури, афоризми и хуморески

Ана Ололовска

Прогласени наградените на кривопаланечкиот Меѓународен конкурс за карикатура

Ана Ололовска

Leave a Comment

eleven + five =