На летната сцена на Кинотека ќе се проектира концертот на Влатко Стефановски во „Лисински“

Од:

Во Кинотеката на Северна Македонија, на летната сцена „Мирно лето“ в четврток започнува циклусот „Концерти во Кинотека со Croatia Records“, кои оваа установа ги реализира во соработка со дискографска куќа „Croatia Records“. Настанот ќе биде отворен со проекција на концертот на Влатко Стефновски од „Лисински“, во Загреб.

Кинотека информира дека од 1 јули, па секој следен четврток во јули ќе биде прикажуван по еден концерт од Блу Реј програмата на дискографската куќа.

– Циклусот го отвора концертот „Влатко Стефановски – Live at Lisinski“, од 17 април 2018 година, кога во Загреб беше промовиран неговиот албум „Мајчин јазик“. Таа волшебна вечер гостите на Влатко беа „Љубојна“, Хојсак & Новосел и Јосипа Лисац. Овој концерт, кој беше отиснат на современиот медиум Блу Реј ја има историска важност, ова е прво Блу Реј издание на некој македонски музичар, велат од Кинотека.

Посетителите на овој настан ќе имаат прилика да се запознаат и со најновите изданија на „Croatia Records“, и да купат нешто на штандот на „Zec Electronic“.

Би можело да ве интересира

„Кино за млади“ во Кинотеката

Недела на италијанската кенематографија во Кинотека

Ана Ололовска

Влатко Стефановски по 40 години во МКЦ

Ана Ололовска

Анимирани и филмови за тинејџери во Кинотеката

Ана Ололовска

Филмска вечер за деца и млади во Кинотеката

Ана Ололовска

Влатко Стефановски награден со најголемото дискографско признание во Хрватска